ВО ТЕК Е ОПЕРАЦИЈА Командант на Азов испрати порака од мрачните тунели (ВИДЕО)

Не е јасно точно за каква операција станува збор, а видеото е објавено пред еден час.

6,091

Заменик-командантот на преостанатите борци на баталјонот „Азов“, Свјатослав Паламар, објави нова порака на Телеграм од мрачните тунели на челичарницата во Мариупол, пишува Индекс.

– Слава ѝ на Украина! Денеска е 85-ти ден од војната. Командата и јас сме во просториите на фабриката Азовстал. Во тек е операција, нема да давам детали. Му благодарам на целиот свет и Украина за нивната поддршка. Се гледаме – рече Паламар.






Не е јасно точно за каква операција станува збор, а видеото е објавено пред еден час. Се смета дека во фабриката има околу 1.000 преостанати борци, додека исто толку се предадоа во текот на вчерашниот ден.

Поврзани содржини