(ОБНОВЕНО) ЛАЖНА ТРЕВОГА, НЕМАЛО ОРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО СКОПЈАНКА! Од МВР велат дека напад имало, ама во Бутел
„Дел од медиумите објавија дека е извршен грабеж спроти Скопјанка во Општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи, но таков случај кај нас не е пријавен“, соопшти МВР.
Грабеж утринава се случил во обложувалница на подрачјето на Општина Бутел, каде што со закана со оружје две лица одзеле пари од вработен во обложувалницата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму појаснуваат дека дел од медиумите, кои претходно објавија дека оружен грабеж се случува во трговскиот центар Скопјанка во Општина Аеродром, можеби погрешно ја пренеле информацијата.
„Дел од медиумите објавија дека е извршен грабеж спроти Скопјанка во Општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи, но таков случај кај нас не е пријавен“, соопшти МВР.
Како што пренесоа дел од порталите, најмалку 5 полициски возила, со десетина полицајци од специјалните интервентни единици, со автоматско оружје и со панцири, утринава биле излезени пред Трговскиот центар Скопјанка во скопската населба Аеродром, каде, според јавувања на граѓани, најверојатно се случил оружен грабеж.
Според информациите на граѓани што се наоѓаат на местото, најверојатно станувало збор за грабеж на обложувалница.
Наводно, неколку напаѓачи кои биле вооружени и маскирани со хируршки маски упаднале во еден од објектите во Скопјанка. Сведоците велат дека припадниците на полицијата биле видно возбудени.
Медиумите објавија и фотографии од вооружените полицајци пред ТЦ Скопјанка.