ВО ТЕК Е ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА И ВО СРБИЈА Откриена е печатница за фалсификувани пари

797

 

Во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови, неофицијално се дознава од полициски извори.






Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полициски службеници кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или на ИНТЕРПОЛ кои меѓусебно ги координираат активностите со своите колеги од Македонија.

Според неофцијалните информации, се бара поголема количина на фалсификувани евра и се работи на сузбивање на поголема меѓународна криминална мрежа која делува во повеќе држави.

Во игра е и откривање домашна печатница за фалсификувани евра или долари.

Српските медиуми јавуваат дека постапувајќи во рамките на оперативната обработка „Вардар“, полициски службеници на СБПОК во соработка со полициски службеници на Република Македонија и Европол, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, лишени од слобода на 02.02.2025 година на територијата на Србија (Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор, Суботица) се вкупно шест лица, членови на организирана криминална група, поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела здружение за извршување на кривичното дело – прекршок од член 346 од КЗ и фалсификување пари од член 241 од КЗ.

 

Поврзани содржини