ВО ТЕК Е ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ Се криумчареле луксузни автомобили, меѓу осомничените има и службени лица

Како што информираат од Обвинителството надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.

1,212

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Како што информираат од Обвинителството надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.






Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, навдуваат оттаму.

Поврзани содржини
na