Васил Огњановски: Во татко ми сега чука женско срце, но сигурен сум дека машки ќе издржи

Синот на 54-годишниот Иван, првиот човек во Македонија на кој му беше извршена трансплантација на срце, рано останал без мајка. Починала од рак кога тој имал само 12 години, па многу добро знае колку им е тешко на децата на Емилија, жената чие срце сега чука во градите на неговиот татко.

7,042

Семејната приказна на 54-годишниот Иван Огњановски, првиот пациент во Македонија кому му беше извршена транслантација на срце од мртов донор и неговиот син Васил, не е една од најсреќните. Имено, Васил, кој на 12.јуни ќе наполни 29 години, на 12-годишна возраст ја изгубил мајка си, а татко му пак долги години живеел во Русија. Така Васил и неговиот помлад брат пораснале со баба им, мајка на нивната мајка, а кај родителите на татко му оделе најчесто за време на викендите. Со татко му Васил контактирал телефонски, а кога Иван последен пат дошол во Македонија пред 6 години и останал тука за да се грижи за својот татко, по смртта на мајка си, таткото и синот конечно се зближиле и почнале да поминуваат заедно повеќе време.

Васил работи како фризер во фризерскиот салон Hairdo, во близина на ТЦ Буњаковец и неговите муштерики имаат полна уста пофални зборови за него. И покрај тоа што долги години живеел без татко, Васил вели: Крвта не е вода и мојот татко секогаш ќе биде мој татко, а сѐ што поминало било помеѓу моите родители и тоа нема да го смени мојот сегашен однос со татко ми.






Иван Огњановски

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

 

Поврзани содржини