Принцезата Беатрис се омажи тајно за италијанскиот гроф и тајкун Едуардо Мапели Моци. Венчавката се одржала во дворецот Виндзор. Ова е прва кралска венчавка одржана во тајност по 235 години.
Беатрис и Моци неколкупати ја одложуваа венчавката поради пандемијата на коронавирусот. Сега конечно го изговорија судбоносното „да“.
На веначавката присуствувале нејзините баба и дедо, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, кои биле видени како доаѓаат во Виндзор утрово, а новинарката на „Дејли мејл“ Ребека Инглиш напиша на Твитер дека принцезата Беатрис и Моци се венчале на приватна церемонија и дека биле преземени строги за заштита.
Со венчавката со Моци, принцезата Беатрис ќе доби уште една благородничка титула – грофица.
Беатрис и Моци се во врска од 2018 година.
Моци зад себе има неколку сериозни врски, а со својата поранешна свршеница има и син.
FOTO: Instagram