Пандемијата на коронавирусот би можела да доведе до повторна појава на морбилите, односно малите сипаници, велат експертите, бидејќи некои програми за вакцинација мора да бидат одложени.
Според УНИЦЕФ, 117 милиони деца во 37 земји можеби нема да бидат вакцинирани навреме, пренесува Би-би-си.
Веќе имало неколку големи ширења на болести во земјите ширум Европа во кои имунизацијата на MMР вакцината е ниска.
Болеста која предизвикува кашлање, осип и треска, може да се спречи со две дози од вакцината против заушки, морбили и рубеола (ММР), која во Велика Британија е достапна бесплатно.
Во таа земја, околу 95 отсто од петгодишните деца ја примиле првата доза, но само 87,4 отсто и втората.
А, бидејќи малите сипаници се многу заразни, дури и мал пад на имунитетот во популацијата може да има влијание.
Во светот, во моментот 24 земји морале да ја одложат програмата за вакцинација, а УНИЦЕФ предупредува дека ќе има уште такви случаи.
Foto: Pixabay