Во светот повеќе од четири милијарди луѓе се во карантин
Ова го пренесе агенцијата „Франс прес“ повикувајќи се на официјални податоци.
Повеќе од четири милијарди луѓе во околу 100 земји и територии се наоѓаат во принуден или предложен карантин во битката против ширењето на коронавирусот.
Ова го пренесе агенцијата „Франс прес“ повикувајќи се на официјални податоци.
Тоа е повеќе од половина (oколу 52 проценти) од светското население. Обединетите нации проценуваат дека во светот живеат 7,79 милијарди луѓе.
Кинеската провинција Хубеј и градот Вухан, од каде започна пандемијата, се првите региони кои беа во карантин кој беше воведен кон крајот на јануари. Тој регион започна постепено да ги ублажува мерките за забрана за движење.
Повеќе од 500 милиони луѓе биле во кранатин на 18 марти, повеќе од една милијарда на 23 март, повеќе од две милијарди на 24 март, повеќе од три милијарди на 25 март. Додека денеска, 7 април во карантин се наоѓаат 4,06 милијарди луѓе.