Во светот од коронавирусот досега починале повеќе од 100.000 луѓе

Црната бројка се случи 90 дена по првата пријавена смрт во Кина на 11 јануари 2020 година. Бројот на заразени денеска надмина 1.6 милиони, а бројката на активно заразени сега е поголема од 1.1 милон.

431

Дури 100.376 лица позитивни на коронавирусот починале од почетокот на пандемијата, податоците се од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Црната бројка се случи 90 дена по првата пријавена смрт во Кина на 11 јануари 2020 година. Бројот на заразени денеска надмина 1.6 милиони, а бројката на активно заразени сега е поголема од 1.1 милон.






Само во Европа досега се заразени повеќе од 780.000 лица, а починале 66.000 што значи дека две третини од смртните случаи се забележани на Стариот континент. Во Шпанија таа бројка е речиси 16.000, во Италија е повеќе од 18.800, а во Франција е 12.200.

Сепак, работите наскоро би можеле да се променат бидејќи бројот на заразени во САД рапидно расте. До сега вкупно заразени се повеќе од 475.000 лица, а од тоа повеќе од 17.900 позитивни на коронавирусот се починати.

Поврзани содржини