Во судница прикажана фотографија од крвавиот Џони на носилки, актерот првпат рекол што му направила Амбер ФОТО

1,295

Амбер Херд и Џони Деп пристигнаа на суд во Лондон, втор ден по ред.

Кога влегол во судницата, Деп веднаш земал гел со кој ги дезинфицирал рацете.






Судија во овој случај е Ендеу Џорџ Линдзи Никол, „Њуз груп њујзпејпрс, “издавачите на таблоидот „Сан“ ги застапува Адам Волански КС, а адвокат на Деп е Дејвид Шиборн.

Судењето треба да трае 3 недели.

Џони Деп истакнал дека знаел дека неговиот брак со Амбер Херд е завршен кога нашол фекалии од неа во брачниот кревет. Тој исто така рекол дека речиси ќе останел без прст, кога Амбер го гаѓала со две шишиња вотка.

На прашањето дали зел кокаин во март 2015 година, актерот рекол дека не се сеќава.

Саша Вас, адвокат на таблоидот „Сан“, му забележала на Деп што ги предвидува прашањата“ велејќи му дека „ќе постави прашања“.

Саша рекла дека Деп ја удрил Херд повеќе од еднаш кога му се смеела. Таа, пак, тврди дека ја удрил трипати, а Деп одговорил дека не е точно.

Исто така, навела дека Деп тогаш се онесвестил, се извинувал, плачел и зборувал дека никогаш повеќе нема да се случи тоа. Деп рекол дека никогаш не ја удрил, така што наведеното никогаш не се случило.

На прашањето дали пуши, Деп рекол: „Да, имам ужасна зависност од никотин“, но додал дека никогаш не бил зависник од кокаин.

Во судницата е прикажана фотографија на Деп од болница, на која тој лежи крвав, по нападот на Херд врз него, со две шишиња. Херд истакнала дека тоа не е вистина и дека таа била „жртва на семејно насилство“.

Поврзани содржини