ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА ВРИЕ ОД ТЕТОВСКИ И ГОСТИВАРСКИ КУЧИЊА Апе ли Џеки?
Имаме неофицијални податоци за носење кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски таблички. Затоа апелирам до граѓаните секој ваков случај да го евидентираат и фотографираат и да ни помогнат во пронаоѓањето на сторителите, изјави Сузана Стојкова, директорка на Стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ во Струмица.
Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови, со што проблемот со нив тешко се решава – вели Сузана Стојкова, директорка на Стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ во Струмица.
– Имаме неофицијални податоци за носење кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски таблички. Затоа апелирам до граѓаните секој ваков случај да го евидентираат и фотографираат и да ни помогнат во пронаоѓањето на сторителите – изјави Стојкова на вчерашната конференција на Локалниот совет за превенција.
На конференцијата беше забележано дека граѓаните генерално се чувствуваат безбедно, а тие што не се чувствувале така како главен проблем ги посочиле кучињата скитници.
Таа вели дека 90 отсто од кучињата се третираат во стационарот. Од 1 февруари годинава кога е формиран Стационарот за бездомни кучиња во Струмица, досега се заловени 475 кучиња, од кои се третирани сите. На локации од каде се заловени се вратени 324, евтанизирани се 53, а стелизирани и кастрирани се 353 и се вдомени 63 кучиња.
Од Стационарот апелираат до сопствениците да бидат одговорни сопственици на кучиња и да ги чипираат и стерилизираат кучињата, а во тек е и јавна кампања за подигнување на свеста за вдомување.