ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА Угостителите на блокади, ќе протестираат против владините анти-ковид мерки
Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден, во знак на незадоволство, ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот, се заканија угостителите.
Угостителите од Струмица информираат дека едногласно донеле одлука за бојкот, изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.
-Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден, во знак на незадоволство, ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки – велат од Угостителското здружение од Струмица.