Во страв од нова катастрофа, целосно е урната зградата во Мајами! ФОТО ВИДЕО

Станарите од блиските згради не биле евакуирани, но им било речено да не излегуваат и да ги исклучат климатизерите поради прашината.

361

Делумно урнатата зграда во Мајами која досега однесе 24 животи целосно е урната пред доаѓањето на можното тропско невреме Елса.

Потрагата и напорите за спасување на 121 исчезнато лица привремено се прекинати.






Погледнете го видеото од  уривањето на остатокот од зградата заради безбедност:

Градоначалничката на Мајами Даде Даниела Левин Кава изјавила за медиумите дека напорите за спасување ќе продолжат по уривањето, напоменувајќи дека поминале 11 дена од уривањето на зградата.

Тропското невреме Елса од неделата попладне се движи крај брегот на Куба со ветер од 95 километри на час. Откако невремето ја помина Куба прогнозата е дека ќе се приближи кон западна Флорида во вторник и во среда.

Во урнатините на зградата работниците избушиле простори каде се поставени мали експлозиви за останатите делови од зградата се урнат на мал простор.

Станарите од блиските згради не биле евакуирани, но им било речено да не излегуваат и да ги исклучат климатизерите поради прашината.

Истрагата засега не ја утврди причината за колапсот на 40 години старата зграда. Извештајот на инженерите од 2018 година откри структурни недостатоци кои сега се во фокусот на истрагата.

Поврзани содржини