🎥 ВО СТРАШЕН СУДАР ИЗГОРЕА „БМВ“ И КАМИОН, 25-ГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН Тешка сообраќајка кај Хиподром
Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен, покрај полицијата, излегле и екипи на противпожарната служба и итната помош.
Момче на 25-годишна возаст е тешко повредено, а две возила целосно изгореа во сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај населбата Хиподром, поради што сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово беше во прекин неколку часа, информиа МВР.
До несреќата дошло кога патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, директно удрил во товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
Во несреќата двете возила се запалиле и целосно изгореле, а возачот на „БМВ“, кој бил тешко повреден, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен, покрај полицијата, излегле и екипи на противпожарната служба и итната помош.
