📷 ВО СТАНОТ НАПРАВИЛ СУШАРА ЗА МАРИХУАНА Скопјанец уапсен за производство и трговија со дрога
При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис.
54-годишен скопјанец е упасен откако при претрес во неговиот дом се најдени саксии со марихуана и импровизирана сушара.
„Денеска (02.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје.
При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис. Т.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка“ – стои во известувањето од МВР.