ВО СРЕДА ЌЕ ГО ПРЕДАДАМ МАНДАТОТ Името на новиот мандатар до вторник треба да пристигне кај Пендаровски

По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на новата влада, која се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

748

Синоќа ги направивме првичните контакти со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и најавено ми е дека најдоцна до вторник идната недела ќе го добијам писменото барање во кое ќе биде наведено името на новиот мандатар, па најверојатно во среда ќе се случи формалното предавање на мандатот од моја страна, истакна претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на армискиот брифинг за воената готовност за тековната 2021 година.

По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на новата влада, која се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.






Како што во моментов стојат работите, за мандатар се очекува да биде предложен токму Ковачевски.

Поврзани содржини