Во Србија од денеска може да се патува само со приложен ПСР тест
Со одлуката не се опфатени професионалните возачи, но тие за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Србија од еден премин до друг.
Граѓаните на Република Северна Македонија од денеска во Србија ќе можат да влегуваат само со приложен ПСР тест. Тестот не треба да е постар од 48 часа, соопшти МВР.
„На предлог на Институтот за здравје, српската Влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои :С.Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и земјава ќе започне да важи од денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест“, се наведува во соопштението на МВР.
Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но тие за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Србија од еден премин до друг.