Во Србија од 400.000 вакцинирани, 62 несакани реакции: На кои вакцини имало најмногу поплаки?
Од вкупно 62 несакани реакции, 35 се на вакцината „Фајзер“, 26 на „Синофарм“ и една на „Спутник V“. Според српските лекари тоа се претежно реакции на местото на апликација, како што се болка, оток или црвенило. Имало и системски реакции, најчесто граѓани се жалеле на треска, која траела најмногу три дена, слабост, замор и главоболка.
Агенцијата за медицински помагала и лекови досега забележала 62 несакани реакции во Србија по вакцинирањето на граѓаните, јавуваат српските медиуми.
Павле Зелиќ од Агенцијата за РТС посочува дека тоа не е причина за загриженост и дека сите овие реакции се очекувани. Претежно се локални, на местото на убодот. Според последните податоци, повеќе од 400.000 луѓе се вакцинирани во Србија.
Како што посочува тој, бројoт на несакани реакции не звучи застрашувачки, но покажува дека Агенцијата треба внимателно да следи што се случува. Од таа бројка, 35 реакции се на вакцината „Фајзер“, 26 на „Синофарм“ и една на „Спутник V“.
Тој додава дека тоа се претежно реакции на местото на апликација, како што се болка, оток или црвенило. Зелиќ рече дека се забележани и системски реакции, најчесто треска, која траеше најмногу три дена, слабост, замор и главоболка. Според Зелиќ, тоа не е ништо што треба да не загрижува.
Денес во Србија пристигнаа нови 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“. Зелиќ рече дека секоја група вакцини што ќе пристигне во Србија ќе помине контрола на квалитетот и дека српските експерти се компетентни да направат се што е потребно за да се осигурат дека пациентите се тестираат на најдобар начин.
На прашањето за употребата на вакцината кај деца, Зелиќ рече дека е важно да се спомене дека тие не биле тестирани врз детска популација, што не значи дека не се безбедни за децата, потребно е само некое време.
Тој исто така наведува дека се очекуваат резултати од студии за употреба на вакцината „Синофарм“ кај деца.
Според него, информациите се ажурираат од ден на ден, а опсегот во кој може да се администрира вакцината се шири.
Кога станува збор за алергии и преосетливост на одредени состојки на вакцината, Зелиќ вели дека ова е причина за загриженост, односно дека тоа значи дека на ваквите пациенти им се пристапува внимателно. Тој додава дека е потребно да се обрне внимание на комплексни алергиски реакции.
Кога станува збор за хронични состојби, Зелиќ рече дека акутното влошување на болеста е ситуација во која треба да се чека со вакцината, како и дека не може да ја примат оние кои имаат ковид за време на третманот.
Павле Зелиќ наведува дека на секој пациент мора да му се пристапи индивидуално и дека мора да каже кои се неговите болести.
На прашањето дали руски и кинески вакцини можат да се пробијат на пазарот на ЕУ, Зелиќ рече дека „Спутник V“ е одобрен во Унгарија за шест месеци и дека е поднесено барање на централизирано ниво за ЕУ.