Во Србија и во БиХ нови жртви од Ковид-19
Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.
Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус.
Тој додаде дека таа е четврта жртва од Ковид-19 во Србија.
– Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат – посочи Лончар.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да останат во своите домови.
Лончар истакна и дека досега на респиратори се 21 човек, а двете заразени бебиња се во добра здраствена состојба.
Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три.
Директорката на Клиничкиот центар во Сараево Себија Изетбеговиќ објасни дека во Сараево се потврдени упте два случаја на заразени со вирусот и дека едно лице починало.
Станува збор за стара жена која премолчела дека била во контакт со ќерката која била во Италија.Жената починала во Здравствениот дом во Илиџа, а на коронавирус е тестирана по смртта.
Вториот заразен е маж од општината Илиџа. Во БиХ има досега 166 лица заразени со Ковид-19.
Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.