Во Србија и вечерва аплаузи, удирање по тенџериња против диктатурата и контрапротести
Акцијата „Подигни глас: Со бучава против диктатурата“ ја покренаа иницијативата „Не дави го Белград“ и „Граѓански фронт“.
Низ цела Србија и вечерва за време на полицискиот час граѓаните во 20 часот аплаудираа во знак на поддршка на медицински работници кои се борат против епидемијата на коронавирус, а пет минути подоцна од прозорците и терасите, удираа по тенџериња, и со свирки и музика го изразија своето незадоволство од потезите на властите.
Акцијата „Подигни глас: Со бучава против диктатурата“ ја покренаа иницијативата „Не дави го Белград“ и „Граѓански фронт“.
Музика и тенџериња се слушаа и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац и во други градови во Србија.
Аплауз и свирежи се слушнаа и пред народното собрание, каде лидерите на опозицијата организираа протест против, како што кажаа, „неуставното воведување на вонредната состојба и мерките за затворање на српските граѓани “.
Aplauz za lekare pic.twitter.com/pqPJNhbUFk
— Tatjana Aleksic (@tatjanaaleksic) March 18, 2020
После аплаузот за поддршка на медицинските лица и акцијата „Со бучава против диктатура“, се случија и контра-протести на приврзаниците на владеачката партија, со малку помал интензитет од вчера и без факели, изразувајќи пораки на поддршка на Српската напредна странка, со критики на опозицијата.
Ponosna na komšiluk!!
Buka, šerpe, lonci i pištaljke traje više od 5 minuta! pic.twitter.com/vFAxEBJGiv
— Ferida Čustović (@BgFerida) April 30, 2020