Во Србија хоспитализирани 3.044 лица, излечени 1.182 пациенти и 156 починати од ковид-19

Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 64.303 лица, а досега се излечени 1.182 пациенти.

165

Србија досега има евидентирано 8.042 заразени лица со коронавирусот, 156 починати и 1.182 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 4.365 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 263 лица или процентуално околу 6 отсто, со што вкупно во Србија со ковид-19 заразени се 8.042 граѓани, изјави на владината прес конференција главниот епидемиолог на кризниот штаб Предраг Кон.






Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 64.303 лица, а досега се излечени 1.182 пациенти.

Во ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 3.044 пациенти, од кои 85 лице со влошена клиничка слика е ставено на респиратор.

– Од вирусот во изминатите 24 часа починаа 5 лица, 2 мажи и три жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 156 лица, од кои 37 починати лица се пациентите од Геронтолошкиот центар во Ниш – кажа Кон.

Од 8.043 вкупно заразени со коронавирус, над илјада лица се здравствени работници и штитеници во геронтолошките центри или 545 се здравствени работници, а 561 се штитеници и 149 вработени во установите за социјална заштита.

– Во Србија вкупно 88 деца се лечат од епидемијата и капацитетите за лечење на овие пациенти се пополнети, пред се во Ниш. Половина од заболените деца се од Белград, а другата половина се од останатите делови на Србија, но сите тие се чувствуваат добро – изјави епидемиологот Кон, кој додаде дек во КЦ Драгиша Мишовиќ во Белград, 3 бебиња се позитивни на вирусот, 4 родилки и 6 бремени жени.

Објаснувајќи ја тешката состојба со Геронтолошките центри Кон изјави дека суштината на лошите настани во центрите за геронтологија е поради тоа што не се пријавуваат на време.

– Ова се третира како срам и ги спречува луѓето да пријават, тргнуваат прозивките што тоа се случило и тоа ги плаши луѓето. Треба веднаш да се пријави доколку овие лица имаат респираторни симптоми и да не чекаат ниту секунда дури и кога им се чини дека ќе помине – кажа Кон.

Тој оцени дека враќањето на животот во нормала е неопходно, но мора да оди бавно.

– Неизбежно е дека мора да живееме и да работиме, мора да обезбедиме редовен живот со вирусот и функционирањето на економијата и на здравствениот систем. Од друга страна, треба да разбереме дека овој вирус нема намера да нè остави и дека она што го имаме на располагање е сè што имаме во моментот – мерките за дистанцирање и мерките за изолација се исцрпени. Сега, треба на мерките да им обезбедиме што е можно помалку вирусот да се шири – оцени Кон, кој додаде дека допрва ќе се согледа како вирусот ќе се пренесува во текот на летото, бидејќи има информации, дека вирусот се пренесува и таму каде што има ултравиолетово зрачење.

Во Србија на сила е забраната за движење за време на викендот, која почна во петок во 18 и ќе трае до понеделник во 5 часот, а српската влада соопшти денес дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до 5 часот.

Поврзани содржини