Во Србија 17 ученици се заразиле со ковид-19 од почетокот на учебната година

Ако дојде до влошување на епидемиолошката состојба во образовните институции, главниот српски епидемиолог Предраг Кон, најави дека ќе предложи да се премине само на онлајн настава.

354

Вкупно 17 ученици во Србија од почетокот на школската година се заразиле со ковид-19. Од нив 12 се во Белград, соопшти главниот српски епидемиолог Предраг Кон во интервју за ТВ Прва.

Ако дојде до влошување на епидемиолошката состојба во образовните институции, тој најави дека ќе предложи да се премине само на онлајн настава.






– Засега не е одредено колку деца треба да бидат заразени за некое училиште да биде затворено, но засега се е во ред –  вели Кон.

Школската година во Србија започна на 1 септември, со поделба на класовите со поголем број ученици на помали групи, со задолжително носење маски и физичко растојание.

На анкетите што ги спроведоа училиштата пред почетокот на наставата, дури 98 отсто од родителите се изјасниле децата да одат на училиште.

Поврзани содржини