ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА ЛЕСЛИ ЏОРДАН Актерот удрил со автомобилот во зграда
Официјални лица за спроведување на законот, наводно, изјавиле за медиумите дека актерот со својот автомобил удрил во зградата, откако му се слошило.
Холивудската икона, Лесли Џордан (67), која глумеше во „Вил и Грејс“, „Американска хорор приказна“, „Ноќен суд“, „Марфи Браун“ и многу други, вчера загина во сообраќајна несреќа. Според ТМЗ, на актерот му била пружена итна медицинска помош додека бил зад воланот.
Официјални лица за спроведување на законот, наводно, изјавиле за медиумите дека актерот со својот автомобил удрил во зградата, откако му се слошило.
Џордан во текот на пандемијата стана вирална ѕвезда на социјалните мрежи поради неговите комични клипови. Благодарение на овие видеа, бројот на следбеници на Инстаграм се зголеми од 50.000 на 5,8 милиони.
Џордан снимил хумористични видеа во кои ги прикажува неговите секојдневни активности.