ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ТЕШКО Е ПОВРЕДЕН ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Загина возачот на другото возило кое учествувало во судирот
Баножиќ утрово управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина.
Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.
Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов.
Причините за несреќата се истражуваат.
Баножиќ, кој има контузија на мозокот и поради тежината на повредите е префрлен во Осиек.
-Поради потреба од неврохируршки надзор и опсервација, тој е префрлен во КБЦ Осиек, имал тешки физички повреди, како контузија на мозокот, но цело време бил свесен – изјавил д-р. Крунослав Шпорчиќ, директор на болницата Винковац.