ВО СЛОВЕНИЈА ПРОНАЈДЕНО УШТЕ ЕДНО ТЕЛО Досега 6 лица го загубиле животот во поплавите

Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

100

Во надојдената река Теменица во Словенија пронајдена е уште една жртва на поплавите.

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работел на поправка на штетите и телото во реката Теменица, јавува СТА.






Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Одредени области сѐ уште се поплавени, многу патишта сѐ уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, се зголемува ризикот од одрони.

Поврзани содржини