Во Словенија потврдени 33 новозаразени со коронавирусот

232

 

Во Словенија се потврдени 33 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден, јави дописникот на МИА од Љубљана.






Со последните, вкупниот број инфицирани лица во земјата сега изнесува 1.124.

На болничко лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 108 пациенти, а од нив 34 се на одделите за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа оздравени и отпуштени од болница се осум лица.

Бројот на починати поради коронавирусот се зголеми за три. Досега во Словенија се регистрирани вкупно 43 смртни случаи како последица од вирусот. Најголем дел од починатите се лица постари од 65 години кои имале дополнителни болести

Поврзани содржини