Во Словенија нема новозаразени со коронавирусот, во Албанија шестмина

329

За прв пат од почетокот на епидемијата во Словенија нема нозозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вчера во лабораториите низ земјата се направени вкупно 500 тестирања, а ниту еден не бил позитивен.






Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во овој момент во болниците поради Ковид-19 се лекуваат 59 пациенти, а само 21 во одделите за интензивна нега. Вчера двајца пациенти се отпуштени од медицинските центри, а две лица починаа како последица на инфекцијата.

Од утре во државата повторно почнуваат со работат голем број продавници, а ќе се отворат и рестораните и кафулињата, кои ќе функционираат под посебни заштитни мерки.

Во Албанија во последното деноноќие потврдени се шест нови случи со Ковид-19, со што продолжува појавата присутна повеќе денови наназад на се помал број новозаразени.

Од новите случаи пет се од Круја, општина со најголем број активни случаи во земјата.

Поврзани содржини