Во Словенија лекуваат корона со ремдесивир, фавипиравир и со дексаметазон

Словенечките лекари не користат хидроксихлорохин, лек за артритис, кој исто така може да се користи за да се спречи маларија, ниту пак користат антибиотик азитромицин или ХИВ лекови, затоа што се покажале како неефикасни во неколку студии.

666

Пациенти заболени со ковид-19 во Словенија првенствено се лекуваат во однос на симптомите, што значи дека доколку е потребно добиваат кислород и лекови за покачена температура.

Оние со сериозни симптоми добиваат ремдесивир, фавипиравир и дексаметазон, лекови за кои истражувањата покажуваат дека можат да бидат потенцијално ефикасни, јави СТА.






– Ремдесивир, антивирусен лек, се користи кај оние на кои им е потребна интензивна нега или имаат силно зголемена потреба од снабдување со кислород – објасни Матеја Логар, инфектолог во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.

Оние кои имаат нешто поблаги симптоми и се во почетната фаза на болеста, но со други болести им се дава фавипиравир, лек кој досега се користел за лекување грип.

На оние на кои им е потребен кислород, но го примаат за време на период кога фавипиравир повеќе не е одржлива опција им се дава дексаметазон, кортикостероид што се користи со децении, главно за лекување на разни видови воспаленија.

– Тие се лекови кои се покажаа врз основа на повеќе студии ефективни и имаат релативно поволен безбедносен профил – додаде Логар.

Словенечките лекари не користат хидроксихлорохин, лек за артритис, кој исто така може да се користи за да се спречи маларија, ниту пак користат антибиотик азитромицин или ХИВ лекови, затоа што се покажале како неефикасни во неколку студии.

Поврзани содржини