Националниот институт за јавно здравје на Словенија потврди дека во земјата бројот на заразени лица со коронавирусот се зголемил на 383, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Во споредба со вчера, тоа претставува зголемување за 42 нови заразени. Бројот пак на тестирани лица досега изнесува 12.162.
Најголем дел од заразени, односно 85 се од Љубљана и околината на главниот град, 41 се од Шмарје при Јелшах и Метлика со 25 случаи на коронавирусот.
Бројот на жртвите од коронавирусот во Грција се искачи на 13, а во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што бројот на лица заразени со Ковид-19 достига 530, од кои повеќето се во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина. Претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција рече дека хоспитализирани 100 лица, од кои 18 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 19 лица. Во Грција, досега, биле анализирани околу 8000 примероци.