Во Словенија 341 позитивен на коронавирусот – заразен и заменик градоначалникот на Марибор

Меѓу ново заразените е и заменик градоначалникот на Марибор, а во Универзитетскиот клинички центар во градот во моментов се хоспитализирани 11 лица.

167

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Словенија се искачи на 341, соопшти Националниот институтот за јавно здравје.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова претставува зголемување од 22 во споредба со вчерашниот ден.






Меѓу ново заразените е и заменик градоначалникот на Марибор, а во Универзитетскиот клинички центар во градот во моментов се хоспитализирани 11 лица.

Четири лица со Ковид-19 кои се лекуваат во Љубљана се во критична состојба.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојш на прес конференција ги повика граѓаните до продавница, аптека или пошта да одат сами, а не со придружба или групи.

Инаку, Словенија очекува во текот на денот да добие и донација од 300.000 заштитина маски.

Поврзани содржини