ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ЌЕ ИМА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Ќе дува северен ветер со 60 км на час

Утре и во вторник наместа и дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст.

357

Времето утре (понеделник) ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец со над 60 км на час.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.






Минималната темпратура ќе се движи од -15 до -5, а максималната од -6 до 3 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Утре и во вторник наместа и дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Поврзани содржини