ВО СКОПЈЕ СЕ ВОЗИ КАКО НА ФОРМУЛА ЕДЕН Некои скопјани возат и 70 километри на час над дозволеното

Полицијата во акција која траеше шет часа откри и казни 648 возачи кои пребрзо возеле.

511

Во акциска контрола на територијата на државата спроведена вчера од 15 до 20 часот, полицијата казни 648 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  78 возилa од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.






Притоа, 332 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 316 надвор од населено место.

 

Поврзани содржини