Во Скопје се снима краток фестивалски филм во хрватско-македонска копродукција
Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска се дел од актерската екипа
Деновиве на неколку локации во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко“, кој е во македонско-хрватска копродукција. Режијата е на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Марко Чавка.
Актерската екипа ја сочинуваат нашите познати актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.
Станува збор за емотивна приказна која зборува за социјалните разлики и различните аспекти на идеологијата во современиот свет.
Елизабета Клинчаревска Младеновска летово можевме да ја видиме во главната улога во претставата „Полковникот Птица“, во режија на Андреј Цветановски, на „Охридско лето“ со Националниот Театар Гостивар.