Во Скопје санкционирани 281 возач
Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 33 санкции – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.