ВО СКОПЈЕ ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА ФАТЕНИ СО ДРОГА Полициска рација во угостителските објекти
При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и на 5 патнички возила.
Девет лица се лишени од слобода бидејќи кај нив била пронајдена дрога при полициската контрола извршена во повеќе угостителски објекти во Скопје. Приведените се на возраст од 22 до 33 години.