Секторите за внатршни работи на Скопје, Куманово и Велес поднеле 23 кривични пријави поради непочитување на воведената мерка за ограничено движење.
– СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Велес поднеле 23 кривични пријави против: Б.Б.(25), Д.К.(28), Н.Б.(38), А.К.(45), З.А.(36), сите од Скопје, Б.С.(37), Е.И.(30), А.С.(18), тројцата од Куманово, К.Д.(28) и С.Д.(29), двајцата од Велес, А.Ј.(19) од Кавадарци, А.Ј.(21) од Гевгелија, А.Ј.(29) и М.М.(36), двајцата од Неготино, Е.М.(92), И.М.(38), А.М.(36), Ш.У.(31), А.П.(46), Р.И.(33), сите од с.Корешница – Демир Капија, Р.К.(42) од с.Дедино – Конче, Е.Н.(32) и С.Ј.(58), двајцата од с.Тремник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Имено, пријавените во периодот од 28.03.2020 до 30.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење, соопшти МВР.