Во Скопје казнети 438 возачи, 43 возеле без дозвола

Девет мерки се изречени за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, а 27 санкции се за користење на мобилен телефон.

249

Вкупно 438 мерки се изречени на територија на град Скопје, од кои 43 се за возење без возачка дозвола, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Девет мерки се изречени за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, а 27 санкции се за користење на мобилен телефон.






– Исто така, изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 40 санкционирани пешаци, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска – се вели во соопштението од МВР.

Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па затоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани содржини