Во Скопје казнети 221 возач

234

Министерството за внатрешни работи вчера  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерка, од кои 58 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и 4 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло) – велат од МВР.






Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Поврзани содржини