Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти МВР.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 10 за непочитување на брзината на движење, 9 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен семафор (црвено светло), 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 18 за користење на мобилен телефон. Изречени се и 62 мерки за непрописно паркирани возила и 13 санкции за неносење заштитна маска – велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.