Војската на САД ќе користи кучиња со паметни очила на главата (ВИДЕО)
Како што тврди директорот на компанијата, Еј Џеј Пепер, кој своето куче го пријавил на тестирањето, системот симулира веќе научени команди, така што адаптацијата се одвива прилично брзо.
Како и во секоја друга држава, така и во САД се користат воени кучиња како поддршка на пешадијата со цел да намирисаат експлозив или да помогнат при потрага. Но, американската Влада во соработка со компанијата „Command Sight“ овојпат реши да ја искористи моќта на технологијата и наредбите на кучињата да им се издаваат преку екран, односно пред очите на животните, пренесува Би-Би-Си.
Па така, компанијата изработила посебни паметни очила за кучиња во кои е интегрирана технологија за проширена реалност, а тоа значи дека очилата имаат камера која во реално време ја пренесува снимената содржина.
Како што тврди директорот на компанијата, Еј Џеј Пепер, кој своето куче го пријавил на тестирањето, системот симулира веќе научени команди, така што адаптацијата се одвива прилично брзо.
Во теорија, ова би им овозможило да воените кучиња многу поголем „домет”, бидејќи водичите, од безбедна оддалеченост или од скриена положба непречено ќе даваат наредби.