ВОЈСКАТА Е ВО ГОТОВНОСТ, ПРЕМИЕРОТ БАРА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО Тридневна жалост од утре во Црна Гора, од вечерва се откажуваат планираните концерти

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ вечерва пристигна во Клиничкиот центар на Црна Гора каде се лекуваат тешко ранетите по денешниот масакар во Цетиње, во кој се убиени 7 лица, меѓу кои и 2 деца, а четворица се борат за живот.

28,168

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ вечерва пристигна во Клиничкиот центар на Црна Гора каде се лекуваат тешко ранетите по денешниот масакар во Цетиње, во кој се убиени 7 лица, меѓу кои и 2 деца, а четворица се борат за живот.

– Страшна трагедија која нè погоди сите во Цетиње, односно селото Бајице. Сите екипи, специјалци, сè што е на располагање во Подгорица е во Цетиње и на добар пат сме да го најдеме. Имаме четири тешко повредени и лекарите се борат за нивните животи. Се надеваме дека ќе се извлечат – изјави црногорскиот премиер.






Тој рече дека на итен електронски состанок на Владата одлуичиле дека од утре ќе биде прогласена тридневна жалост во Црна Гора. Додаде дека вечерва е откажан концерт во Подгорица и ги замолуваме и останатите општини да се придружат.

– Треба да се запрашаме кој може да има оружје во Црна Гора, мора да се заострат критериумите и казните. Многу е важно што имаме хроничен недостиг од полицајци и тоа мора итно да се реши. Граѓаните треба да ги слушаат советите на полицијата и да останат во своите домови, но, нека се чувствуваат безбедно, сите наши луѓе се на терен. Имаме апсолутна координација. А војската е на готовност, очекуваме сторителот веднаш да биде фатен – рече Спајиќ.

Во врска со причините за трагедијата, рече дека според првите информации, се работи за ситуационен настан.

– Тоа значи дека сторителот нема потекло од криминалното милје. Имаше тепачка во кафеана каде се повлекоа пиштоли и сè тргна во погрешна насока – изјави Спајиќ.

Црногорските медиуми денеска објавија дека поради недостигот од полицајци во Цетиње во градот се упатени полицајци од Подгорица.

Вечерва и во Котор и во Будва се откажани сите планирани новогодишни концерти.

Поврзани содржини