ВО „СКАНИЈА“ МУ НАШЛЕ 65 МИГРАНТИ Уапсен криумчар од Скопје

При преглед во товарно возило „сканиа" со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал скопјанецот, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

206

Полициски службеници од Полициската станица Гевгелија синоќа околу 20.40 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци го уапсиле А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа” со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини