Во Сибир температурата на воздухот во јуни зголемена за 10 степени

Тоа е најтопол јуни дoсега во Сибир, каде почвата е под мраз.

446

Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир  во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години – соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија.

Тоа е најтопол јуни досега во Сибир, каде почвата е под мраз.






На 21 јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени.

Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир  и во делови од Алjaска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид – 59 милиони тони.

Поврзани содржини