Шведска е една од ретките европски држави што има различен пристап кон корона вирусот. Земјата досега нема ниту една забрана или рестрикција за движење на нејзините граѓани, границите се отворени, голем број фирми работат, јавниот транспорт функционира нормално, трговските центри и рестораните се отворени, а работат и училиштата и градинките, пишува Мета.
„Во моментов има 4.435 заразени, од кои 358 се на интензивна нега, а 180 се починати. Граѓаните засега добиваат само препораки, да внимаваат на своето здравје, почесто да седат дома и да се грижат за повозрасните роднини или соседи. Единственото ограничување што го направија шведските власти беше забраната за јавни собири со над 500 лица, која пред два дена се измени и бројката се намали на 50“, објави Мета.
Прочитајте повеќе на следниот линк.