📽 ВО ШВАЈЦАРИЈА ВРНЕ СНЕГ Температурите нагло паднаа за 30 степени!

Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Утрово во 11:15 часот беше 0 степени - соопшти метеоролошката служба Метео Свис.

1,362

По интензивните горештини, Швајцарија во последните денови ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а денеска  падна и снег падна на Алпите, во Цермат, на надморска височина од 1638 метри.

„Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Утрово во 11:15 часот беше 0 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2000 и 2400 метри во остатокот од швајцарските Алпи “ – соопшти метеоролошката служба Метео Свис.






Неколку премини, вклучително и Готард и Симплон, беа затворени поради обилните дождови кои започнаа во петокот вечерта и предизвикаа неколку лизгања од кал. Железничкиот сообраќај на места беше во прекин поради одрони. Реката Рајна се излеа, но населените места не беа погодени.

Во Тичин веќе неколку дена врне силен дожд. Во некои населени места водата за пиење е загадена. Врнежи се очекуваат и утре. Снегот треба да продолжи да паѓа на планините, но тоа нема да биде доволно за да се спасат глечерите. Глечерите во Швајцарија изгубија 6 отсто од својот волумен помеѓу 2021 и 2022 година.

Поврзани содржини