ВО ШУТО ОРИЗАРИ ЌЕ СЕ ВЛОЖАТ 4,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ Курто Дудуш вели дека ова е историја за Шутка

Презентирани се вкупно 58 проекти во вкупна вредност од 4 ипол милиони евра. Никогаш порано не се вложувало толку во оваа општина, рече градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

59

Години наназад, овој ден, 8 Април, се одбележуваше со протести, со искажување незадоволство на Ромите кон институциите, кон владите кои беа во изминатите години. Но денеска стоиме тука заедно со Владата, заедно со премиерот, со министри и градоначалници за да презентираме нешто ново, позитивни работи и проекти, истакна денес градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

– Презентираме проекти за општина Шуто Оризари кои во историјата претходно не биле запамтени. Презентираме вкупно 58 проекти во вкупна вредност од 4 ипол милиони евра. Тоа е историја за Шуто Оризари и никогаш порано не се вложувало толку во оваа општина. Затоа благодариме на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски – изјави Дудуш по означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата Брсјачка Буна.

Поврзани содржини