ВО ШТИП СЕ РОДИ ЧЕТВОРКА Семејството Зикови доби три момчиња и едно девојче

Бебињата на брачнaта двојка Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

1,034

Штипјанката Благица Зикова од Штип вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Ели Николовска, која го извршила и породувањето.






Бебињата на брачнaта двојка Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

Пред 21 година, на 3 март 2002 година се роди првата петорка во Македонија – на ГАК се породи Лилјана Илиевска од селото Вевчани, која донесе на свет три ќерки и два сина. За жал, едното женско бебе починало, а Марта, Бисера, Бојана и Марко преживеаја. Породувањето тогаш го извршил проф. д-р Јован Тофовски, со асистенција на д-р Видое Димитров и инструментарката Весна Радинска. Кумови на децата биле тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана.

Поврзани содржини