„ВО ШТИП СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ Е ИСТО КАКО ПРЕД НЕКОЈА ГОДИНА“ Ковачки повика да се заокружи бројот 9

Штип денес не е ист како пред неколку години се чувствува промена се гледа резултат се гледа работа, Но овој успех не доаѓа сам, зад секој проект и секоја инвестиција стои силна поддршка од Владата на Македонија предводена од нашиот премиер Христијан Мицкоски, кажа Драган Ковачки во Штип и побара од граѓаните да ја поддржат советничкаиста на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9.

262

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во Штип, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!”, за претстојните локални избори.

– Штип се менува пред нашите очи, се градат и реконструираат улици и патишта што ги поврзуваат нашите заедници и го олеснуваат секојдневниот живот на нашите граѓани. Се подобруваат условите во училиштата, за нашите деца да имаат современо и безбедно образование, во средина што ги поттикнува да учат и напредуваат. Се создаваат нови јавни површини и паркови, каде што можат граѓаните да се собираат, да се дружат и да уживаат во природата и слободното време. Се градат спортско рекреативни капацитети и се поддржуваат спортски и младински активности со цел да се развива енергијата креативноста и талентите на идните генерации – рече Ковачки.






Ковачки истакна дека во Штип се реализираат инфраструктурни проекти, со цел поквалитетни услови за живот на граѓаните, а додаде и дека се вложува и во развојот на локалните бизниси со цел да се поттикне економска стабилност и отворање на нови работни места.

– Штип денес не е ист како пред неколку години се чувствува промена се гледа резултат се гледа работа, Но овој успех не доаѓа сам, зад секој проект и секоја инвестиција стои силна поддршка од Владата на Македонија предводена од нашиот премиер Христијан Мицкоски – кажа Ковачки и додаде:

,,Оваа Влада дека кога централната власт и локалната власт работат заедно, резултатите не изостануваат. Штип денеска добива значителни инвестиции и силна институционална поддршка од Владата, која го препознава потенцијалот на градот како центар на источниот регион”.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, и актуелен градоначалник, Иван Јорданов, на денешниот митинг истакна дека граѓаните се најголемата поддршка за реализација на многубројните проекти и идна мотивација за наредните 4 години за развој на Штип.

– Почитувани сограѓани вечерва оваа енергија е поинаква, се чувствува поддршката на локалната самоуправа. Вечерва нема да ги набројувам проектите кои ги реализиравме изминатите 4 години затоа што секој еден од вас имаше можност во транспарентна постапка секојдневно да ги констатира проектите, работењата. Во овие четири години вложивме многу посветеност, труд, љубов, доживеавме различни предизвици. Она кое сакам да го порачам вечерва, суштината на секој изборен процес е да бидеме подобри од минатото, со нашето искуство кое го стекнавме, ќе се трудиме да ја подобриме продуктивноста на локалната администрација, да бидеме слуга на вас, граѓаните, преку јавните претпријатија, само така ќе испорачаме подобрување на вашето и наше секојдневие, за помодерен и поубав Штип – рече Јорданов.

Поврзани содржини