Во Штип отворен Почесен конзулат на Унгарија, зa конзул избрана Даниела Арсовска

385

Министрите за надворешни работи и економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска во Штип официјално го отворија почесниот конзулат, а за почесен конзул е назначена претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска.

Османи, Бектеши и Сијарто беа дел и од отварањето на македонско-унгарскиот бизнис форум.






Во своето обраќање, министерот Османи нагласи дека со отворањето на овој почесен конзулат, кој како подрачје на покривање го има целиот источен регион на земјава ќе се овозможи голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните извозно ориентирани бизниси да ги искористат можностите на големиот унгарски пазар.

Во оваа прилика упати честитки и за новоименуваниот почесен конзул, Данела Арсовска, за која како актуелен и долгогодишен предводник на ССК, оваа функција ќе биде предизвик преку кој ќе создаде услови за фелата од каде доаѓа, за бизнисите во земјава, како и за искористување на исклучително блиските односи со Унгарија.

Поврзани содржини