ВО ШТИП ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ 146 КАМЕРИ НА 54 ЛОКАЦИИ Проектот „Безбеден град“ ќе профункционира в година

Општина Штип за реализација на овој проект има предвидено десет милиони денари.

146

Советниците во Советот на Општина Штип денеска ја изгласаа Предлог одлуката за поставување 146 камери на 54 локации во Општина Штип. Камерите во рамките на проектот „Безбеден град“ ќе се постават на објекти како што се училишта, градинки, паркови, пешачки зони, игралишта и сообраќајници. Центарот каде што ќе следат камерите ќе биде лоциран во Општина Штип, а видео надзорот ќе се користи и за потребите на СВР-Штип.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова појаснува дека 146 камери ќе бидат со една техничка спецификација, а десет камери се со друга техничка спецификација. Тендерската постапка за набавка на камерите и нивно поставување почнува веднаш, по донесената одлука.






– Нашата цел со овој проект е да ги заштитиме површините и објектите, каде што ќе се постават. Но, не само површините, туку да ги заштитиме и граѓаните – вели Шорова Ангелова.

Општина Штип за реализација на овој проект има предвидено десет милиони денари, а се очекува да профункционира од наредната година. 

Поврзани содржини